12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Црна Гора со отказ за Просинечки, веќе е познат и неговиот наследник

Легендарниот хрватска фудбалер, а сега тренер, Роберт Просинечки, повеќе не е селектор на Црна Гора, откако Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз му изгласа недоверба и му врачи отказ.

Лошите резултати на црногорската репрезентација си го направија своето, па Просинечки мандат го завршува со пет победи, едно реми и 10 порази, на 16 меча. Црногорците веднаш го назначија неговиот наследник, а тоа ќе биде Мирко Вучиниќ, кој се прослави играјќи за Рома и Јувентус.

Црна Гора речиси и да нема шанси за пласман на Светското првенство, откако ги победија само Фарските Острови и Гибралтар, а загубија двапати од Чешка и еднаш од Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести