27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Црна сабота за фаворитите, од осумте четвртфиналисти во ЛШ, вчера победија само два

Манчестер сити и Реал Мадрид не случајно се главни фаворити за освојување на Лигата на шампионите, според квотите во обложувалницата Sport Life. Овие два клуба се единствените четвртфиналисти кои покажаа стабилност и не потфрлија викендов во домашното првенство.

Обложувачите кои сакаат да типуваат на победи на фаворитите, вчера беа разочарани од шест тимови од елитното европско натпреварување.

Челзи водеше, па загуби дома од Брајтон, Баерн ремизираше пред своите фанови против Хофенхајм, Наполи дома одигра без голови против Верона, Милан освои само бод во Болоња, Интер на свој терен беше поразен од Монца со 0-1, а со истиот резултат загуби и Бенфика од Шавес.

Од осумте четвртфиналисти во ЛШ, вчера се радуваа само Сити и Реал. Граѓаните немаа проблем со Лестер, а Кралевите триумфираа на гости кај Кадис.

- Оглас -

Најнови вести