Белгискиот играч од средниот ред на Наполи, Кевин де Бројне, би можело да го пропушти и Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, според англискиот весник „Сан“.
Причината е скинатиот мускул на десната бутина, што го става под неговото учество до крајот на сезонава.
Капитенот на Наполи неодамна беше успешно опериран во Белгија и веќе го започна процесот на закрепнување. Според првичните проценки, се очекуваше Де Бројне да се врати на теренот околу февруари. Ова би значело дека ќе има неколку месеци да се врати во оптимална форма пред почетокот на Мундијалот во јуни.
Сепак, ситуацијата останува неизвесна и конечната проценка ќе зависи од тоа како ќе напредува рехабилитацијата. Доколку закрепнувањето се одложи, ризикот за Кевин да ја пропушти целата сезона и СП може да стане реален.

 
                                    