Македонската фудбалска репрезентација го одработува последниот тренинг на теренот на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
Нашата експедиција утре ќе замине во Белгија, кога в петок во Гент ќе игра против Белгија, во можеби одлучувачкиот меч во групата за пласман на Светско првенство преку квалификациите.
Селекторот Благоја Милевски ги има сите фудбалери на располагање. Атмосферата е одлична, сите се расположени и сега останува само да се надеваме дека може да го изненадиме големиот фаворит.