Црно-белите од Удине ги шокираа Црно-белите од Торино (Видео)

Фудбалерите на Удинезе приредија изненадување во последниот натпревар од 24-тото коло во Серија А славејќи на „Алијанц арената“ во Торино.

Во дуелот на Црно-белите од Торино и Црно-белите од Удине, Удинезе славеше со 0:1 и ја продлабочи кризата на Јувентус.

Јувентус веќе три меча во низа не знае за триумф во Серија (порази од Удинезе со 0:1 и Интер со 0:1 и реми со Емполи 1:1) и сега заостанува седум бода на табелата зад Интер, кој има и натпревар помалку.

Човек на одлука беше Лаутаро Џијанети, кој единствениот гол го постигна во 25-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести