Асунсион е обоен во црно-бело, Олимпија во атак на осма победа по ред

Либертад – Олимпија (Парагвај, 01.15 часот)

Асунсион има интересна фудбалска историја со четири клуба што имаат 90 посто од титулите во Парагвај. Главното дерби, или Супер Класико е дуелот меѓу најтрофејната Олимпија со Серо Портењо, а ноќеска ќе се игра таканареченото „Црно-бело“ дерби меѓу Либертад и Олимпија.

И двете екипи доживеаја неуспех во осминафиналето во Копа Либертадорес минатата недела и се елиминирани. Либертад испадна во двомечот со Гремио, а Олимпија не успеа да го мине ЛДУ Кито, па сега честа на Асунсион и на парагвајскиот фудбал во Копа Либертадорес ќе ја брани нивниот најголем ривал Серо Портењо.

Либертад и Олимпија имаа одличен старт во Класура и по 3 кола се водечки тандем без пораз. Либертад нема примено гол, а трипати славеше со идентичен резултат од 1:0. Но и има 7 порази по ред во меѓусебните дуели со големиот ривал и најтрофејна екипа во Парагвај, Олимпија.

Три од нив се на „Николас Леоз“ стадионот, кој е дом на Либертад, па сега целта е да се избегне осмиот пораз по ред во дуелите со големиот ривал. Олимпија има за нијанса подобар тим и типуваме дека нема да загуби во тврд и неизвесен меч.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (2.04)

 

Светлана Кузнецова – Џиу Ванг (ВТА Торонто, 00.15 часот)

На стартот на турнирот во Канада ќе играат две тенисерки од потполно различни генерации. Искусната Светлана Кузнецова со 34 години и во залезот на кариерата, против тинејџерката Џиу Ванг, која има само 18 години.

Руската тенисерка беше во фокусот на тениската јавност минатата недела, откако не доби американска виза и не и беше дозоволено да ја брани титулата во Вашингтон. Малку чудна постапка и однос кон порашенната шампионка на САД опен во Њујорк. Како и да е ова ќе биде првиот меч за Кузнецова во сезоната за тврда подлога, а шансите за победа се подеднакви, барем според коефициентите.

Ванг e мошне талентирана тенисерка и супер најава за гоеми дела е јуниорската титула што ја освои лани во Њујорк на САД опен. Се уште нема титула во сениорска конкуренција, но за неа има време да ги исполни очекувањата и да биде новата Ли На, тенисерка што е најуспешна во историјата на кинескиот тенис со две гренд-слем титули.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

Марија Шарапова – Ен Контавејт (ВТА Торонто, 01.00 часот)

Петкратната гренд-слем шампионка Марија Шарапова се обидува да се врати на патеките на успехот, но тоа тешко и оди на 32-годишната тенисерка од Русија. Беше суспендирана на 2 години поради позитивен допинг тест, а на првиот турнир што го играше по суспензијата ја победи Ен Контавејт со 2:0 во сетови.

Тоа им е единствениот меѓусебен дуел досега, а и сега на стартот од турнирот во Торонто Шарапова е фаворит. Играше едно финале во Торонто, во 2009 година, но не успеа да ја освои титулата, бидејќи нејзината сонародничка Елена Дементјева беше подобра и славеше сао 2:0.

Естонката Контавејт има 23 години, досега освои само еден трофеј на ВТА турнирите, што е далеку од остварувањата на Шарапова, која има дури 36 пехари на женските турнири. И ноќеска сибирската мачка е фаворит и типуваме дека повторно ќе ја победи Контавејт.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

Анжелик Кербер – Дарија Касаткина (ВТА Торонто, 02.30 часот)

Кербер има мала предност во меѓусебните дуели со Касаткина и води со 4:3, па ова ќе биде еден од најинтересните стартни мечеви на турнирот.

Моќниот форхенд се уште е моќно оружје на 31-годишната Германка, која интересно не живее во Германија, туку се пресели во Полска.

Кербер беше и број 1 на ВТА листата, а моментно е на 13. позиција и во Торонто е рангирана како 12. носителка. Нема позначаен успех на популарниот Роџерс куп во Канада, па веројатно ќе сака да стаса до пехарот број 13 во кариерата.

Касаткина е една од најнадежните тенисерки од новиот бран, има само 22 години и со две титули најави дека има светла персепктива. Лани по триумфот на Кремлин купот беше најдоброрангираната руска тенисерка, а се проби и во топ-10 на ВТА листата. Годинава има послаби резултати, но вториот дел од сезоната и беше посилен и лани и преклани, па се очекуваат подобри резултати од неа.

Кербер е фаворит, но Касаткина е жилава противничка и може да изненади.

Предлог тип: >20.5 гема (1.83)

 

Бењоа Пер – Ришар Гаске (АТП Монтреал, 00.30 часот)

Француското дерби ќе биде едно од обележјата на стартот од турнирот во Монтреал, а коефициентите велат дека фаворит е помладиот Бењоа Пер. Има 30 години и солидна сезона, со освоени два од вкупно трите пехари во кариерата на АТП турнирите. Играше и во осминафиналето на Вимблдон, а вториот дел од тениската сезона му е поскромен.

Противник на Пер ќе му биде некогаш големиот талент на францускиот тенис, Ришар Гаске. Од него очекуваа сигурно да освои гренд-слем титула, но за несреќа на одличниот тенисер играше во ерата на тројцата неверојатни играчи, Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Досега во колекцијата има 15 пехари од АТП турнирите, но веќе наполни 33 години и се почесто се мачи со повреди.

Годинава Гаске одигра само 19 мечеви, откако на почетокот на 2019 година се оперираше од хернија. Се обидува да се врати во препознатлива форма, но тоа тешко му оди.

Пер е фаворит, Гаске има многу подобар меѓусебен биланс со 6 победи и само еден пораз, па некако има баланс меѓу нив двајцата. Ќе типуваме дека француското дерби во Монтреал ќе биде неизвесно и со три сета.

Предлог тип: >22.5 гема (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести