„Црно“ им се пишува: Халанд е лут, гневот ќе го истури врз Севилја

Борусија Дортмунд има поволен резултат од 3-2 по првата осминафинална пресметка со Севилја, па на Милионерите им преостанува вечерва на домашен терен да го потврдат пласманот во четвртфиналето од ЛШ.

Гигантот од Бундеслигата во реваншот влегува разочаран по загубеното „Дер Класикер“ дерби против европскиот и германски првак Баерн Минхен, иако Дортмунд во тој меч имаше и предност од 2-0.

Поради тоа, Ерлинг Халанд е лут. Неговите два погодоци не беа доволни да се урне големиот Баерн, па затоа гневот ќе го истури врз Андалузијците. Во првата средба Халанд постигна два од трите гола против Севилја, а до пред овој меч забележа уште пет погодоци во германскиот шампионат.

Несомнено Норвежанецот е во страшна форма веќе цела сезона, тоа го потврдуваат и 29 погодоци во вкупно 28 настапи, а својот квалитет ќе треба да го потврди и вечерва и да продолжи со неверојатниот голгетерски поход во најелитното европско клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести