Црно му се пишува на Манчестер сити – Истрагата за нарушување на финансискиот ферплеј ќе ја води голем фан на Арсенал

Црно му се пишува на англискиот првак Манчестер сити, против кого се води истрага за многукратно нарушување на правилата поврзани со финанскиот ферплеј, со што му се заканува казна одземање бодови и дури и преселба во понизок ранг на натпревари.

Англиските медиуми објавија дека претседателот на независната комисија која ја води постапката е голем навивач на Арсенал.

Во моментов Арсенал и Манчестер сити се главни кандидати за титулата, а Топчиите имаат пет бода повеќе од Граѓаните и еден меч повеќе за одигрување до крајот на Премиер лигата.

Се работи за адвокатот Мареј Розен, а објавено е дека тој долго време има и членска карта во Арсенал.

Сепак, се нагласува дека Розен нема никаква дамка во кариерата и дека ќе ја води постапката максимално коректно.

Англиските медиуми најавуваат строга казна за Сити бидејќи има повеќекратни злоупотреби на лимитот со финансискиот ферплеј во последните 5-6 години.

Според најцрното сценарио, Манчестер сити би бил преселен во понизок ранг на натпревари и би му биле одземени сите титули што ги освои во периодот кога имало нарушување на финансискиот ферплеј.

 

- Оглас -

Најнови вести