Црно на бело: Статистиката потврди, Лазаров е ракометен крал во изминатите две децении (фото)

За гол-машината, бомбардерот или по најново ракометниот крал Кирил Лазаров стигна уште една потврда за неговата величина и достигнувања во овој спорт.

Најдобриот македонски ракометар во историјата и официјално е најдобар стрелец на глобално ниво во изминатите 20 години.

Статистиката е измерена од сезоната 2003/04, оттогаш до крајот на оваа сезона Лазаров постигна вкупно 1.596 гола, од кои дури 1.482 се во Лигата на шампионите.

Колку Кире е поефикасен во однос на вториот најдобар стрелец, Никола Карабатиќ, потврдува разликата од 453 погодоци, француската ѕвезда на ПСЖ досега брои 1.143 гола.

- Оглас -

Најнови вести