Женските ракометни репрезентации на Романија и Црна Гора од 18 часот ќе водат битка во СЦ „Борис Трајковски“ од Европското првенство, а особено мотивирани треба да бидат Црногорките, кои со победа би дошле на чекор од пласман во полуфиналето.
Како и на претходниот меч што го играа во Скопје, Црногорките ќе имаат голема поддршка од своите бројни фанови на трибините и тоа е нивната предност во однос на противникот, кој е последен во групата, но со победата над Шпанија покажа дека не се предава од битката за полуфинале.
Црногорките ќе бидат сигурни полуфиналисти ако ја победат Романија, а подоцна вечерва, Франција да не загуби од Германија. Црна Гора пред осум години за последен пат играше полуфинале на големите натпреварувања.