Голманот на репрезентацијата на Црна Гора, Милан Мијатовиќ, направи ретко виден подвиг. Тој во вторникот 90 минути беше на голот на својата репрезентацијата на дуелот против Србија во Белград, натпревар кој заврши некаде околу 23 часот.
Наредниот ден, во 19 часот часот одигра уште 90 минути, но овојпат за својот клуб Борац од Бања Лука во дербито на првенството на Босна и Херцеговина против Сараево, дуел кој заврши без победник, 1-1.
Тоа би значело дека тој бранеше 180 минути на два натпревари, во две различни конкуренции и во две различни држави за помалку од 24 часа.
Дуелот на Борац против Сараево беше од исклучителна важност, со оглед на тоа дека клубот од Бања Лука е лидер во првенството на Босна и Херцеговина и не можеше да си дозволи во дербито да биде без својот прв голман, со оглед на тоа дека Сараево е третопласиран.
Мијатовиќ за репрезентацијата на Црна Гора има 33 натпревари, а во клупската кариера освен во Босна и Херцеговина и матичната Црна Гора, бранеше и за клубови од Иран, Бугарија, Унгарија и Саудиска Арабија.