Црногорскиот му станува соиграч на македонскиот капитен

Долго време се зборува, а сега работата е практично готова, Стефан Савиќ ќе биде нов фудбалер на Трабзонспор.

По Србија, Англија, Италија и Шпанија, Савиќ во Турција ќе сврти нова страница во кариерата, и тоа во најголемиот клуб во земјата кој не е од Истанбул.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека капитенот на црногорската репрезентација, кој претходните девет сезони играше за Атлетико Мадрид, ќе добие тригодишен договор од седумкратниот шампион на Турција, што значи дека во градот на брегот на Црното Море ќе остане до летото 2027 година.

Савиќ неделава ќе оди на лекарски прегледи, по што и официјално ќе биде промовиран во нов играч на тимот во којшто игра и капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести