Црногорците добија баклава затоа што се „одмаздија во име на Турците“

Црна Гора ја победи Грузија со 81:73, пораз кој значеше елиминација на еден од домаќините на Европското првенство во кошарка. За Црна Гора ова беше трета победа во групата и завршија на третото место, додека Грузија со само еден триумф испадна и тоа како последна во групата од шест селекции.

Победата на Црна Гора посебно ги израдува Турците, кои беа незадоволни од „гостопримството“ на Грузија. Турција загуби од Грузија, а по мечот имаше инцидент, по кој челниците на турската кошаркарка федерација се заканија дури и со откажување од првенството.

За среќа, страстите се смирија Турција продолжи со настапите и заврши како втора во групата. По победата на Црна Гора над Грузија и елиминацијата на домаќините, Турците на адреса на Црногорците испратија цела тава со познатата турска баклава. Црногорците се заблагодарија на слаткото изненадување.

- Оглас -

Најнови вести