Црногорците го добија од Унгарија тоа што го сакаа, во вторник ќе има спектакл во Белград!

Поразот од Унгарија вечерва, го забави патот на Србија кон Европското првенство 2024, а се разбудија надежите на Црногорците дека може да се пласираат на ЕП.

Во двете екс-југословенски земји кои до пред 17 години беа заедно во иста држава, се прават математики како и што им треба за да се најдат на ЕП.

Србија има 10 бода, Црна Гора 8, но Црногорците имаат и еден меч помалку. Веќе во вторник во Белград се игра нивниот меѓусебен дуел.

Ако победи Србија, речиси сигурно таа селекција ќе биде патник на ЕП, ќе им остане усште дуел со Бугарија, но ако средбата заврши нерешено, тогаш Црногорците сами си ја решаваат судбината.

Во последните две кола во ноември, Црна Гора треба да игра со Литванија против која би требало да победи, но и со Унгарија на гости. Ако Црна Гора победи во Белград, тогаш за место на ЕП доволна ќе им биде победа само против Литванија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести