Црногорците го најавуваат дуелот со Србија: „Не сме се плашеле и од многу поголеми репрезентации“

Репрезентацијата на Црна Гора има голема шанса да дојде до своето прво учество на големите натпреварувања, а за да остане во игра, ќе ѝ биде потребен барем бод на гостувањето кај Србија утревечер.

Србија има 10 бода, а Црна Гора 8, но и меч помалку од конкурентите, па со позитивен резултат од гостувањето на „Рајко Митиќ“ сама ќе одлучува во последните две кола.

„Влогот е голем, но со помош на навивачите кои ќе дојдат во голем број можеме да постигнеме поволен резултат. Игравме и против поголеми репрезентации од Србија, па не се плашевме. Мора да покажеме од што се направени Црногорците. Кога играш за репрезентацијата и ја претставуваш својата земја, кога го чуваш и го браниш она што е свето, противникот може да вреди и огромни милиони“, вели напаѓачот на Црна Гора, Стефан Мугоша.

- Оглас -

Најнови вести