Македонската кошаркарска репрезентација загуби со 59-81 од Црна Гора во првиот од двата подготвителни меча во СЦ „Јане Сандански“.
Селекторот Драган Бајиќ одлучи да прави многу ротации и да се увери во можностите на сите играчи. Во овој августовски циклус во кој Македонија ќе се сретне со Швајцарија и Словачка во претквалификациите за СП, ќе биде ослабена со неиграњето на некои искусни играчи, како браќата Стојановски.
Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, на 4 август, исто така во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 19часот.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 59:81 (15-21; 19-17; 9-19; 16-24)
МАКЕДОНИЈА: Крстевски 7, Ефремовски, Трајковски 8, Стајиќ 0, Николов 8, Марковски 0, Робев 2, Магдевски 4, Мекиќ 12, Какруки 2, Зекири, Андоноски 8, Миловановиќ, Вајли 8, Симиќ 0.
ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 5, Радончиќ 10, Врбица 2, П. Ѓуришиќ 2, Тодоровиќ 6, Кљајиќ 0, Баровиќ, З.Николиќ 8, Миковиќ, П.Поповиќ 17, Н.Ѓуришиќ 4;