Ковид хаосот диктира кој ќе игра кој не, на селекторите им е најтешко да го подготват тимот бидејќи до последен момент не се знае дали од нивниот или противничкиот тим некој ќе отпадне.
Вечерва во Дебрецин играчите излегоа на загревање, а уште не беа познати конечните состави. Конечно на 22 минути пред почетокот, дефинитивно е јасно кој игра, кој не.
Од македонскиот тим отпаднаа Стоилов, Чаневски и Петров. Кај Црна Гора сепак на клупата ќе го нема селекторот Зоран Рогановиќ, иако се најавуваше дека имал негативен тест и ќе ја води екипата.