24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Црвен картон, поништен гол и утнат пенал за Сити, а за Јуве што да каже?

Изненадувачки се случувањата во првите полувремиња во Хаифа и Копенхаген кде гостуваат фаворизираните Јувентус односно Манчестер сити.

Израелскиот првак води со 2-0 против Старата дама, со два гола на Ацили. Ако Јуве не победи вечерва, веројатно нема да се пласира во осминафиналето на ЛШ и можна е разделба со тренерот Алегри.

Манчестер сити без Халанд во тимот, се мачи во Данска, има резултат од 0-0, а си има проблем и со ВАР. Најпрвин му беше поништен убав гол на Родри поради играње со рака, па Ријад Марез утна пенал, подоцна Алжирецот излезе од игра, а младиот Серхио Гомез доби црвен картон по интервенција од ВАР собата, па Сити цело второ полувреме ќе го игра со човек помалку.

- Оглас -

Најнови вести