Црвена ѕвезда го направи едно од најголемите изненадувања сезонава во Евролигата, откако славеше на гостувањето во Мадрид кај Реал. Ова е меч кој требаше да се одигра пред неколку дена, но тогаш беше одложен поради снежното невреме во Мадрид.
Српскиот првак во Мадрид дојде со само шест победи во 19 натпревари, додека Реал имаше 13 победи и беше голем фаворит пред мечот. Сепак, гостите покажаа дека не се дојдени со „бело знаме“ и уште во првата четвртина стигна до 16:9.
Реал на средината од втората четвртина стигна го превзема водството (29:25), но тоа кратко траеше. На полувреме, гостите водеа со 45:40. Во второто полувреме, Црвена ѕвезда во ниту еден момент не му дозволи на домаќинот да стигне до водство.
На почетокот на последната четвртина гостите водеа и со 70:58, но Реал не се предаде. Кралевите стигнаа до 77:79 и го имаа последниот напад за нерешено, но Керол промаши и Црвено-белите се радуваа.