Српскиот првак Црвена ѕвезда и во новата сезона продолжува да ги „меле“ противниците. По победата од 4:0 против Раднички Ниш во првото коло, Звезда вечерва беше уште поубедлива против Колубара и славеше со 5:0.
Уште во првото полувреме Звезда даде пет гола, а потоа домаќините во вториот дел решија да намалат во темпото и рутински само ја задржаа предноста. Шампионот е лидер на табелата со гол разлика 9:0, но тоа што е уште поважно за нив е дека веќе имаат бодовна предност во однос на најголемиот ривал Партизан.
Црно-белите киксираа во ова коло на гости во Ниш кај Раднички и одиграа 3:3 во меч на кој гостите од Белград се спасија од пораз благодарение на погодок од пенал во 97 минута.
Ако се знае дека Звезда во минатото коло освои 100 од можните 111 бодови, јасно е дека секоја предност во однос на ривалот Партизан е одлична, а овојпат е остварена по само две кола.