Црвена ѕвезда дома никогаш не загубила од Цедевита Олимпија, а квотата за кец е фина

Кој ќе игра против Партизан во финалето на регионалната АБА лига во кошарка? Одговорот ќе биде даден вечерва, откако со почеток во 19 часот во Белград силите во мајсторката ќе си ги одмерат Црвена ѕвезда и Цедевита Олимпија.

Откако хрватскиот спонзор го презеде најтрофејниот словенечки клуб и двата некогашни АБА лигаши Цедевита и Унион Олимпија се споија во 2019 година, тој клуб нема ниту една победа на гостување во Белград, а имале четири дуели.

Домашниот терен е голема предност во вакви мечеви, а актуелниот првак и евролигаш, сезонава нема пораз на свој терен. Во плејоф битките, Ѕвезда не загубила како домаќин уште од 2018 година. Сето ова навестува победа на српскиот тим, а квотите за кец во Sport Life, особено онаа во Супер тип понудата, и не се толку мали како за „зицер“.

- Оглас -

Најнови вести