Црвена ѕвезда доведе италијански репрезентативец и некогашен соиграч на Стефан Ристовски во Спортинг (ФОТО)

Српскиот шампион Црвена ѕвезда ги обезбеди услугите на десниот бек Кристијано Пичини.

Некогашниот соиграч на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон и повремен член на италијанската репрезентација доаѓа од шпанска Валенсија, и тоа како слободен играч откако го раскина договорот.

Пичини со Ѕвезда потпиша договор до 2024 година и е второто големо засилување за овој тим, по ангажирањето на Охио Омоижијанфа, кој дојде од Молде и игра како напаѓач.

За репрезентацијата на Италија тој е член од 2018 година, а досега има забележано три настапи.

- Оглас -

Најнови вести