Екипата на Црвена ѕвезда настапот во Лигата на шампионите го заврши на последното место во својата група, зад Манчестер сити, Лајпциг и Јанг бојс. Црвено-белите од Белград освоија само еден бод, ефект кој е најслаб од сите екипи кои сезонава играа во групната фаза на Лигата на шампионите.
Сетоа тоа би значело дека Црвена ѕвезда е најлошата екипа која играше во групната фаза, но не е единствената која не забележа победа. Екипите на Севиља и Унион Берлин, кои исто така завршија последнопласирани во своите групи, не победија ниту еден противник, но забележаа по два нерешени исхода и со по два бода се подобри од белграѓани.
Црвена ѕвезда оваа сезона обезбеди директно учество во групната фаза, пред сè поради одличните резултати претходните сезони, но тоа нема да биде така за следното издание на Лигата на шампионите бидејќи Црвено-белите ќе мора најпрво да минат низ квалификациите.