Во последното коло од Суперлигата, Црвена ѕвезда лесно со 3:1 го победи ОФК Београд. Со оваа победа, Црвена ѕвезда и официјално го потврди освојувањето на нова титула во првенството на Србија. Црвено-белите тоа го направија уште пред да започне плејофот.
По точно 30 одиграни кола, Црвена ѕвезда има 86 бодови, дури 23 повеќе од второпласираниот Партизан. До крајот на првенството има уште седум кола, што значи дека уште 21 бодови се во можност да се освојат, а Црвена ѕвезда има дури 23 бодови повеќе од вечниот ривал.
Против ОФК Београд, Црвена ѕвезда уште во првите 11 минути постигна три гола и ја потврди доминацијата. Ова беше 28-ми триумф сезонава за шампионот, кој има само две реми и е без пораз.
За Црвена ѕвезда ова е 36-та титула, а дури осма во низа, што само потврдува колку е голема нивната доминација во Србија.