Вкупно шест меча се играат денеска во рамките од осмото коло на кошаркарската Евролига. Црвена ѕвезда е екипата која е во најдобра форма и има пет победи по ред, а вечерва во Белград во популарната сала „Пионир“ ќе гостува на Макаби Тел Авив. За разлика од Црвена ѕвезда, Макаби е во лоша форма и е на претпоследното 19 место на табелата со само две победи досега.
Интересно е дека според квотите, сите екипи кои го имаат приматот на домаќини, се и во улога на фаворити да стигнат до победа. Реал во Мадрид го пречекува Фенербахче во меч кој го има приматот на дерби. Турскиот гигант има четири победи по ред против кралскиот клуб, што значи дека Реал има дополнителен мотив да победи и да ја прекине лошата низа за нив со овој ривал.

Во понудата за денешните мечеви има над 60-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени. Кај одреден дел од играчите има понуда и за вкупниот број скокови и асистенции.


