7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Црвена ѕвезда е во понудата и за фудбал и кошарка, Шкендија треба да даде гол во Мадрид

Пет интересни меча од кои три се фудбалски, а два кошаркарски се дел од денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 46,35.

Шкендија гостува кај Рајо Валјекано во Мадрид и квотата за македонскиот првак да постигне барем еден гол е 2.50.

Во кошаркарската Евролига, Црвена ѕвезда да не загуби на гости кај Баерн Минхен е со квота 2.50.

Дербито на денот во Евролигата ќе биде во Мадрид каде Реал го пречекува Олимпијакос. За Реал да води по првата четвртина, квотата е точно два.

Фиорентина е домаќин на Сигма Оломуц во Конференциската лига и тука е потребно домаќините во двете полувремиња да не постигнат повеќе од еден гол, за да биде добитна квотата од точно два.

Порто е домаќин на Црвена ѕвезда и тука треба да се очекуваат погодоци и тоа барем еден во првиот дел, а да биде 3+ на крајот од средбата. Квотата за оваа комбинација е 1.85.

- Оглас -

Најнови вести