Црвена ѕвезда експлодираше во Белград – „мајсторка“ ќе решава во Подгорица!

Црвена ѕвезда не дозволи нова драма, барем не пред своите навивачи. Во вториот натпревар од полуфиналната серија во АБА лигата, шампионот демонстрираше сила и го прегази тимот на Будуќност со 100-81, обезбедувајќи одлучувачки трет дуел кој ќе се игра во Подгорица.

По неочекуваниот дебакл на првото гостување, кога беа поразени со дури 34 поени разлика, белграѓани мораа да дадат одговор – и дадоа! Со фуриозен старт и двоцифрена предност уште во првата четвртина, Ѕвезда го диктираше темпото цел натпревар. Будуќност немаше лек за офанзивната ритмика на Црвено-белите, кои напаѓаа од сите страни и со неверојатна енергија.

Филип Петрушев го поведе нападот со 20 поени, а Кенан додаде солидни 13. Цел тим функционираше како машина, одбраната беше цврста, а нападот разигран. На спротивната страна, Морган со 18 поени се обиде да го одржи Будуќност во игра, но без многу успех.

- Оглас -

Најнови вести