Црвена ѕвезда ги елиминира Тошевски и Најдовски од Лигата на шампионите

Заврши авантурата на македонските интернационалци Кристијан Тошевски и Филип Најдовски во квалификациите за ЛШ по поразот на Тирана со минимални 0-1 од Црвена ѕвезда.

Српскиот шампион продолжува во следната фаза од квалификациите благодарение на Португалецот Томане, кој во 62-рата минута го постигна единствениот гол на средбата. Нашите претставници го одиграа целиот натпревар, меѓутоа албанскиот првак не ги искористи шансите за да продолжи со натпреварување во квалификациите од меѓународното натпреварување.

Во меѓувреме, ПАОК со убедливи 3-1 го елиминира Бешикташ, резултат кој се постави уште во првото полувреме.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести