Кога пред околу два часа фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда на социјалните мрежи објави шкорпија во црвено-бели бои, настана еуфорија кај фановите на српскиот првак, бидејќи сметаа дека тоа е асоцијација за објава на трансферот на Душан Тадиќ.
Тадиќ кој е големата желба за засилување на тимот, е шкорпија во хороскоп, и затоа се чинеше дека ќе се објави најбомбастичниот и веројатно најскап трансфер во историјата на Ѕвезда.
Но, на разочарување на навивачите, шкорпијата не бил Тадиќ, туку 20-годишниот играч за врска од Гамбија, Махмуди Баџо, кој доаѓа од словачкиот тим Дунајска Стреда. Прекарот на селекцијата на Гамбија е Шкорпии, па затоа и Баџо беше прво најавен со шкорпија.