Кошаркарите на Црвена ѕвезда како гости го совладаа Париз со 77-80 на отворањето на сезоната во Евролигата.
Ѕвезда до триумфот ја предводеше маестралниот Немања Недовиќ со 21 поен, кој погоди пет тројки од шест обиди и беше речиси непогрешлив во текот на играта.
Во тимот на Париз, најрасположен поентерски беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој постигна 16 поени.
Актуелниот шампион на Србија губеше со 13 поени разлика во текот на третата четвртина, но не се предаде и успеа да стигне до голема победа на стартот на најквалитетното европско натпреварување.
Анадолу Ефес славеше гостински триумф (67-76) против Виртус Болоња во „Сегафредо Арена“. Даниел Отуру со 13 поени и Елијах Брајант со 12 поени го предводеа тимот на Анадолу Ефес, кој со одлична игра во четвртиот период го реши мечот во своја корист.