Црвена ѕвезда славеше со конечни 2-1 против Партизан во 160-тото „вечно дерби“. Актуелниот првак направи голем чекор кон одбрана на титулата, на четири кола до крајот на шампионатот во Србија.
Домаќините до двојно водство дојдоа во 80-тата минута преку Вукановиќ, а претходно Бен беше прецизен од белата точка за 1-0. Конечниот резултат го постави Гомес од пенал во 90-тата минута.
Ѕвезда по овој меч има 48 бода во Суперлигата, шест повеќе од второпласираниот Раднички Ниш, додека Партизан е на петтото место со 30 бода.
https://twitter.com/crvenazvezdafk/status/1121483511716810752