24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Црвена ѕвезда го надигра Лех во Полска, потенцијалните ривали на Шкендија не постигнаа гол

Српскиот првак Црвена ѕвезда оствари важен триумф (1-3) на гости во Полска против Лех Познањ и направи голем чекор напред кон плејофот пред групната фаза во Лигата на шампионите. Следи и реванш во Белград, но предноста на Црвено-белите е навистина значајна.

Раде Круниќ беше ѕвезда на вечерта, постигна два гола, а третиот гол беше дело на Бруно Дуарте.

Единствениот погодок за Лех го постигна Микаел Ишак во 34-тата минута и во тие моменти израмни на 1-1. Сепак, на крајот Црвена ѕвезда стигна до предност од два гола.

Каират го победи Слован Братислава со 1-0, а Клуб Бриж славеше на гости со 0-1 против Салцбург.

Лудогорец и Ференцварош, потенцијалните ривали на Шкендија, ремизираа без голови на првиот меч во Разград.

- Оглас -

Најнови вести