Црвена ѕвезда го нокаутираше Партизан и ја освои титулата во АБА лигата

Црвена ѕвезда како гостин го победи Партизан со 82-76, и со 3-0 во финалето ја освои титулата во регионалната АБА лига, што им гарантира место во Евролигата за следната сезона во која големи се шансите фајнал-форот да биде во Белград.

Црвено-белите во 2024 година имаат неверојатни 6-0 против градскиот ривал, а шестата победа по ред против Партизан беше веројатно и најсладок, затоа што им донесе трофеј и замолкнаа 19.670 навивачи на Партизан колку што имаше на трибините.

- Оглас -

Најнови вести