Црвена ѕвезда го освои Купот на Србија и дојде до петтата двојна круна по ред

Црвена ѕвезда е старо-нов освојувач на Купот на Србија, откако во финалето кое се одигра во Заечар славеше над Војводина со убедливи 3-0. За Црвено-белите ова е осми трофеј од Купот откако Србија е самостојна држава, но и 29 во историјата доколку се сметаат и претходните уредувања на земјата.

Со овој триумф Црвена ѕвезда го сруши својот рекорд, со оглед на тоа дека ова за нив е петта година по ред како успеваат да дојдат до двојната круна во српскиот фудбал. За Црвена ѕвезда ова беше 15-та двојна круна во историјата на клубот.

Головите за победата во финалето на Купот за Црвена ѕвезда ги постигнаа Бруно Дуарте, Милсон и Катаи.

- Оглас -

Најнови вести