Црвена ѕвезда го отпушти тренерот по шокантниот пораз од Задар

Раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда одлучи да ја прекине соработката со грчкиот тренер Јанис Сферопулос по шокантниот домашен пораз од Задар (79-85) во Јадранската лига.

Сепак, Сферопулос ќе остане во Белград и ќе ја води екипата на мечот против Фенербахче во петок, а потоа и официјално ќе заврши нивната соработка без оглед на исходот од мечот.

Српските медиуми веќе шпекулираат со можните наследници на Гркот, а како најсериозни кандидати се истакнуваат Дејан Радоњиќ и Саша Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести