Црвена ѕвезда стигна до втората победа сезонава во Евролигата откако со 74:68 го победи Баерн Минхен во меч од шестото коло. Германскиот тим многу подобро го отвори мечот, поведе со 9:8, а по првите 10 минути имаше предност од седум поени (19:12).
Гостите постојано имаа предност во втората и третата четвртина, а најмногу водеше со 14 разлика (52:38). Сепак, Црвена ѕвезда не се предаде и од негатива 53:59, со серија од 12:1, стигна до водство од 65:60. Потоа беше 68:68, а во финишот, домашниот бодрен од повеќе од 18.000 навивачи, со серија од 6:0 стигна до посакуваниот триумф.
Драматично беше во Истанбул, каде што Фенербахче со 79:77 го победи Олимпијакос. Грчкиот тим имаше шанса да стигне до нерешен резултат и да се избори за продолжение, но гостите промашија во последниот напад.