Српскиот првак Црвена ѕвезда се израдува на првата победа во Лигата на Европа сезонава откако на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград со 1:0 го победи францускиот Лил. Ова беше дуел во рамките од четвртото коло во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Клучниот момент се случи во 85-тата минута, кога беше досуден пенал за Црвена ѕвезда, а сигурен реализатор на ударот од најстрогата казна беше искусниот Марко Арнаутовиќ.
Динамо Загреб го претрпе првиот пораз сезонава во ова натпреварување, и тоа на својот „Максимир“ од Селта Виго. Шпанскиот тим му нанесе историски пораз на Динамо затоа што Селта Виго е првиот тим кој му дал три гола на Динамо во Загреб во првото полувреме, во меч од европските купови. Динамо имал многу повисоки порази од 0:3, но никогаш ривалите не давале повеќе од два гола во првите 45 минути како што тоа сега го направи Селта Виго.
Митјиланд е тимот со перфектни четири победи откако пред своите навивачи со 3:1 славеше над шкотскиот Селтик. Во останатите мечеви кои се одиграа од 18:45 часот: Базел – ФЦСБ 3:1, Малме – Панатинаикос 0:1, Ница – Фрајбург 1:3, Салцбург – ГА Иглс 2:0, Штурм – Нотингем 0:0, Утрехт – Порто 1:1.

