Црвена ѕвезда го посрамоти Будуќност и се враќа во Евролигата (Видео)

Црвена ѕвезда го прегази Будуќност со 97-54 во петтиот решавачки натпревар од финалната серија во АБА-лигата и се закити со нова титула во јадранската лига. Овој триумф ги враќа белградските „црвено-бели“ во Евролигата.

Пред почетокот на средбата имаше многу инциденти и провокации. На вратата од соблекувалната на гостите беше залепено името на Будуќност и на албански јазик, Црногорците беа навредувани со погрдни зборови, а беа и гаѓани со разни предмети. Се шпекулираше дека имало фрлање и тули кон нив, но се виде дека „циглата“ всушност беше кутија со пуканки.

Публиката беше шести играч на Ѕвезда и направи атмосфера во која гостите не се снајдоа.

Младиот Бориша Симаниќ го имаше потегот на натпреварот:

https://twitter.com/i/status/1120399786035822594

- Оглас -

Најнови вести