Кошаркарите на Црвена ѕвезда вечерва го пречекуваат тимот на Виртус Болоња во „Белградска арена“ во рамките на 31-вото коло од Евролигата. Натпреварот е закажан за 20 часот.
Црвена ѕвезда во позитивно расположение го дочекува Виртус откако ја прекина серијата од три последователни порази и го совлада Олимпијакос во Пиреја со 81-73.

Од друга страна, тимот од Болоња се наоѓа во сериозна криза, со четири последовни порази во сите натпреварувања и вкупно осум порази по ред во Евролигата. Последен пат славеше на 17 јануари, кога на гостински терен го победи Баерн Минхен со 72-82.
Црвена ѕвезда во моментов е на шестото место во елитното натпреварување со 17 победи и 13 порази, додека Виртус е претпоследен на табелата со скор од 7-23.
Првиот меч од денешната програма се игра во Истанбул, каде што Анадолу Ефес (18.30 часот) ќе ја пречека Басконија и е голем фаворит за победа, додека Панатинаикос му гостува на Макаби ТА.
Покрај стандардните квоти, подготвена е богата понуда во Sport Life и за поентерскиот ефект на кошаркарите, но и за скокови, асистенции и за постигнати тројки.
