Црвена звезда и Динамо Загреб ги дознаа ривалите во плејофот за пласман во ЛШ

Со ждрепна во Нион, денеска се дознаа паровите од плејофот за пласман во Лигата на шампиони. Прваците на Србија и на Хрватска, Црвена звезда и Динамо Загреб беа меѓу екипите кои ги дознаа своите ривали како последна препрека за влез во елитното друштво на УЕФА.

Динамо во плејофот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Лудогорец и Карабах, а Црвена звезда ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Јагелонија и Бодо/Глимт.

Преостанатите парови за плејофот се:

Јанг Бојс – Галатасарај

Мидтјеланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ

Малме/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ

Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте

Славија Прага/Унион СГ – Лил/Фенербахче

Првите мечеви ќе се играат на 20 и 21 август, а реваншите ќе бидат седум дена подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести