6029 Динамо Загреб – Бетис (18:45 ч.)
Пред една и пол година овие два тима играа во Конференциската лига и Динамо беше подобар со победа и реми. Сепак, сега Бетис е во улога на фаворит, прво затоа што Динамо го нема тој квалитет како претходно, а второ затоа што шпанскиот тим игра одлично. Бетис има шест победи, две ремија и само еден пораз во последните девет дуели кои ги одигра.
Предлог тип: 2 (2.02)
6025 Лудогорец – ПАОК (18:45 ч.)
Дерби на Балканот. Двата тима се во добра форма, Лудогорец е со четири победи и едно реми во последните пет меча, а ПАОК има три триумфа и две ремија во истиот период.
Двата тима играат офанзивно, со многу погодоци, па може да се очекува возбудлива пресметка.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)
6030 Селтик – Рома (21 ч.)
Двата тима играат променливо во Лигата на Европа, па затоа се во несигурна зона, што значи дека им е неопходно освојувањето бодови. Селтик покажа дека е ранлив откако дома загуби од Хартс во дербито на шкотското првенство.
Рома нанижа два порази во Серија А и сега сигурно Волчицата ќе мора да бара начин како да ја сопре оваа негативна низа.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.09)
6023 Штурм – Црвена ѕвезда (18:45 ч.)
Ова е шанса за српскиот првак да освои три бода со кои ќе биде многу поблиску до место кое води во нокаут-фазата во Лигата на Европа. Сепак, проблем е тоа што Црвена ѕвезда загуби двапати во последните четири меча во домашното првенство.
Штурм е очаен на домашен терен во домашното првенство и има само две победи во осум средби.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
6035 Селта Виго – Болоња (21 ч.)
Секогаш е интересно кога играат шпански и италијански екипи. Селта Виго во сите пет меча во Лигата на Европа одигра со 3+ погодоци, додека Болоња ја има една од посигурните дефанзивни линии.
Сепак, Селта е тим кој знае да биде многу моќен, посебно на свој терен и сигурно дека домаќините ќе атакуваат на освојување на трите бода.
Предлог тип: 1Х&3+ (2.15)

