Хрвена Цвецда, изговори Мајкл Хезелшверт, шефот на УЕФА, за клупските натпреварувања на ждрепката во Нион, обидувајќи се да му помогне на Чиро Ферара да објави дека поранешниот европски првак Црвена ѕвезда се најде во Л групата со Гент, Хофенхајм и Слован Либерец во фазата по групи во Лигата на Европа.
Комплетната ситуација беше многу смешна, а Ферара, кој е легенда на италијанскиот фудбал со над 50 настапи комбинирано за Наполи и за Јувентус, само молчеше кога во неговите раце се најде листот со името на Црвена ѕвезда.
Се обиде да му помогне Хезелшверт, но комплетно го утна изговорот на името на поранешниот европски првак, па се „роди“ новото име Хрвена Цвецда.
Ферара беше активен во ерата кога белграѓани во Бари во 1991 година ја освоија титулата во КЕШ и чудно беше што не знаеше да го изговори името на поранешниот европски првак.