15.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Црвена ѕвезда изненадена пред својата публика, Милано ги доби сите четири четвртини!

Белградска Арена беше комплетно распродадена за првиот натпревар за Црвена ѕвезда од новата сезона во Евролигата, но навивачите си заминаа разочарани, откако „црвено-белите“ кошаркари загубија со 82-92 од Милано.

Она што е уште поголемо изненадување, гостите од Италија не само што победија, туку успеаја да ги добијат и сите четири четвртини. Првите три со по два поени разлика, додека последната со четири поени.

„Црвено-белите“ само двапати имаа водство, почетните 3-0, а потоа и на стартот од третиот период кога поведоа со 53-51. Долго се играше израмнето, а потоа гостите во финишот на третата четвртина и почетокот на четвртата дојдоа до убедливи +13, предност што успеаја да ја сочуваат до крајот.

- Оглас -

Најнови вести