Црвена ѕвезда ја почувствува силата на Барселона, Интер го победи Арсенал, Атлетико го шокираше ПСЖ (Видео)

Барселона продолжува со одличните игри и убедливите победи откако со 5:2 славеше на гостувањето во Белград против Црвена ѕвезда во меч од четвртото коло во Лигата на шампионите. За Барселона ова е трета победа, а српскиот првак остана без ниту еден бод во досегашната фаза.

Речиси едно полувреме Црвена ѕвезда успеа да ѝ парира на Барселона. Гостите поведоа со голот на Мартинес во 13-тата минута, а Силас израмни во 27-мата минута за голема радост на пнад 53.000 навивачи на Црвена ѕвезда на „Рајко Митиќ“. Пред крајот на првото полувреме, Барселона стигна до нова предност кога Роберт Левандовски погоди за 2:1. Погодоците од првото полувреме може да ги видите ТУКА.

Барселона фуриозно започна во вториот дел и во период од 53-тата до 55-тата минута постигна два гола. Прво Левандовски погоди за 3:1, а потоа прецизен беше и Рафиња.

Одличен беше и Кунде, кој имаше три асистенции во второто полувреме, а голот за 5:1 го постигна Фермин Лопес.

Голеадата ја затвори Милсон, кој постигна одличен погодок за втора радост за домашните навивачи.

Интер минимално со 1:0 го победи Арсенал, и тоа со погодокот на Чалханоглу од пенал во судиското надополнување од првото полувреме. Атлетико Мадрид со голот на Кореа во 90+3 минута стигна до победа од 2:1 на гостувањето кај Пари Сен Жермен, а Аталанта славеше со 2:0 на гости кај Штутгарт.

На гости се радуваше и Салцбург, кој со 3:1 беше подобар од Феенорд, додека Брест со 2:1 славеше во Прага против Спарта.

- Оглас -

Најнови вести