Српскиот шампион Црвена ѕвезда втора година во низа ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите, а првиот меч е тешко гостување во Минхен против големиот Баерн. Дуелот од првото коло е закажан за среда, 18 септември, со почеток од 21 часот, а Црвено-белите и покрај предизвикот да се надигруваат со Баварците, ќе имаат огромна поддршка од трибини.
Германскиот првак ги доставил до таборот на Ѕвезда одредениот број билети за нивните навивачи на трибините. На „Алијанц арената“, каде што стојат гостите, ќе има најмалку 3 300 Делии. Очекувано, ограничените влезници набрзо ќе бидат распродадени, а Ѕвезда смета дека ќе има уште поголема поддршка од Србите коишто живеат во Германија.