31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Црвена ѕвезда ќе остане без поддршка од Србите во Швајцарија – Јанг бојс не им продава билети

Дел од српските медиуми објавија информација дека раководството на Јанг бојс не им продава билети на српските иселеници во Швајцарија кои сакаат да присуствуваат на првиот дуел од двомечот меѓу швајцарскиот првак и Црвена ѕвезда што ќе се игра во Берн, на 21 август.

„Има реакции од наши иселеници и тоа многубројни дека не им било дозволено да купуваат билети за мечот Јанг бојс – Црвена ѕвезда во Берн. Ова е срамно“, објавија српските медиуми.

Двомечот е многу значаен и победникот ќе игра во Лигата на шампионите, а првиот дуел ќе се игра на „Стад де Свис“ во Берн, на 21 август од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести