Црвена ѕвезда ќе плати 1,7 милиони евра за „ѕвер“ од Африка

Српскиот првак Црвена ѕвезда се надева дека конечно ќе најде квалитетно решение за позицијата дефанзивен играч за врска. Црвено-белите се подготовени да го купат Гамбиецот Махмаду Бајо кој игра во Дунајска Стреда. Според информациите од српските медиуми, во следните неколку денови треба да биде комплетиран овој договор.

Младиот 20-годишен Бајо има четири настапи за селекцијата на Гамбија, а неколку сезони е дел од сениорскиот фудбал. Наводно, Црвена ѕвезда е подготвена да плати 1,7 милиони евра за реализација на овој трансфер. Фудбалерот годишно би заработувал 420.000 евра по сезона, а договорот би бил на три години.

Црвена ѕвезда летово се подготвува за европските предизвици во квалификациите од Лига на шампиони. Српскиот првак ќе стартува од второто квалификациско коло во елитната лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести