Со освојувањето на титулата во првенството на Србија, Црвена ѕвезда си обезбеди директно место во групната фаза за Лигата на шампионите. Црвено-црните наголемо се подготвуваат за трите меча кои ќе ги имаат во елитното натпреварување на свој терен.
Ждрепката за групната фаза во ЛШ ќе биде на 31 август, кога Црвена ѕвезда ќе ги дознае и противниците, а првото коло е закажано за 19 септември. Во Црвена ѕвезда се планира до овој датум да се заврши реновирањето на главната ложа, но и на ресторанот во кој пристап ќе имаат само одредени луѓе.
Ложата и ресторанот ќе бидат во стилот на централните ложи што ги имаат само најдобрите клубови во светот, како што се Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Милан… Еден билет за централната ложа ќе чини неверојатни за балкански услови од 6.000 евра.
„Тоа ќе биде ресторан од полузатворен тип, висок ранг, каде што нашите гости кои ќе имаат купено билети за овој дел, ќе може да ужуваат во супер луксузен ресторан. Површината на ресторанот ќе биде 290 квадрати, ќе има 130 места и секој гледач кој ќе купи билет за централната ложа, ќе има место и во ресторанот, каде ќе може да одбере 10 врвни српски специјалитети кои ќе бидат подготвени. Ресторанот ќе работи само кога ќе има натпревари“, велат од Црвена ѕвезда.