3131 Црвена ѕвезда – Јавор (20:00)
Црвена ѕвезда вечерва ја започнува одбраната на трофејот во српското првенство со домашен дуел против Јавор. Се освен убедлива победа изразена со неколку голови во противничката мрежа за „црвено-белите“ ќе биде големо изненадување. На последните два домашни натпревари против Јавор, Црвена ѕвезда победуваше со 3-2 и 4-1.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (1.71)
3154 Лудогорец – Септември Софија (19:00)
Шампионот на Бугарија, Лудогорец, одбраната на трофејот ја започнува против Септември Софија, екипа која минатата сезона се бореше за опстанок и заврши како прва над црвената линија. Она што е интересно за дуелите на овие две екипи е фактот дека екипата од Софија никогаш во историјата го нема победено Лудогорец.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.70)
3173 Олимпија Љубљана – Мура (20:15)
Првенствените обврски вечерва започнуваат и за шампионот на Словенија, Олимпија Љубљана. Тие за противник ја имаат екипата на Мура, која минатата сезона беше во долниот дел од табелата, а испаѓањето го избегна за шест бода. Последните два натпревари на овие екипи кои се одиграа во Љубљана завршуваа со победи на Олимпија од 2-1 и 4-0.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.79)
2434 Петролул Плоешти – ФЦСБ (20:30)
Противникот на Шкендија во второто квалификационо коло од Лигата на шампионите, романски ФЦСБ, го чека незгодно гостување кај Петролул во Плоешти. Екипата од Букурешт во првото коло одигра само 1-1 на домашен терен против Херманштад, но очекувањата се дека нема да загуби ниту на дуелот во Плоешти против екипата која ги нема победено уште од 2015 година.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.86)
2841 КА Акурејри – ИА Акранес (18:00)
Екипите на Акурејри и Акранес се на последните две позиции во првенството на Ислан и тоа со ист број на бодови, по 15. Како и за секој натпревар од Исланд, така и за овој, очекувањата се дека ќе има изобилство на голови и тоа во двете мрежи, но и во двете полувремиња.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.74)