39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Црвена ѕвезда, Копенхаген, Лех и Балкани ќе победат, Шкендија ќе се (од)брани против ФЦСБ (Фото)

6727 Балкани – Флоријана (20:30)

Фудбалерите на Балкани се големи фаворити за победа на единствениот меч од квалификациите за Конференциската лига, кој ќе се одигра денес. Во Приштина гостува составот на Флоријана од Малта, но без големи шанси за изненадување. Претставникот на Косово се европскиот настап се подготвуваше во Македонија и успеа да ги победи Струга (2-1) и Работнички (2-0), па победа од нив се очекува и на мечот против Флоријана.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.74)

 

6715 Шкендија – ФЦСБ (20:00)

Шкендија има сериозен противник пред себе, најтрофејната екипа во Романија. Поранешниот европски шампион, тогаш под името Стеауа, вечерва гостува во Скопје, а актуелниот шампион на Македонија ќе се обиде да се одбрани и патникот во следната фаза да се решава на реваншот во Букурешт.

Предлог тип: 0-1I&0-1II (2.11)

 

6710 Копенхаген – Дрита (19:00)

На дуелот помеѓу данскиот и косовскиот шампион јасно е кој ја има фаворитската улога. Сè освен висока и убедлива победа на Копенхаген ќе претставува големо изненадување. Самиот пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите претставува голем успех за фудбалерите на Дрита, но на вечерниот дуел сè ќе зависи од домашните фудбалери.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.30)

 

6717 Лех – Брејдаблик (20:30)

И од полскиот шампион се очекува патникот во третото коло да го реши уште на домашниот меч. Шампионот на Исланд, Брејдаблик, е аутсајдер на овој меч, па очекувањата се дек Лех ќе дојде до убедлива победа изразена со неколку голови разлика.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.78)

 

6709 Линколн  – Црвена ѕвезда (18:00)

Српскиот шампион, Црвена ѕвезда, гостува на Гибралтар, на меч против шампионот на оваа земја, Линколн. Јасно е дека Црвено-белите се апсолутни фаворити на овој и од нив се очекува пласманот во третото коло да го обезбедат уште вечерва. Црвена ѕвезда е голем фаворит и прашање е само со колку голови разлика ќе слави на ова „егзотично“ гостување.

Предлог тип: 2 & Т2 3+ (1.82)

- Оглас -

Најнови вести